Кошаркарот, Двејн Вејд, кој на крајот на претходната сезона се прости од активно играње во НБА лигата издвои интерсни факти во последното интервју дадено за – „Сан Сентинел“. 37-годишниот играч изјави, дека сè што му се случило во кариерата буквално ги надминало неговите најлуди очекувања.
„Се чувствувам исполнето бидејќи си заминав како што посакував без некој да ме натера на тоа. Мојата кариера ги надмина и најлудите очекувања што ги имав. Јас направив сè што сакав, дури и повеќе од тоа“ – откри трикратниот шампион кој помина цели 16 години под обрачите во НБА лигата и беше добитник на повеќе индивидуални признанија.
Вејд со селекцијата на САД има освоено златен и бронзен олимписки медал од Пекинг 2008 и Атина 2004 година.