Веќе два месеци нема заразени фудбалери во Кина, се очекува враќање на навивачите

0

Со поддршка на здраствените власти, Кинезите се надеваат дека веќе во средината на октомври, навивачите ќе се вратат на фудбалските стадиони. Како што објавија од тамошната лига, ПСР тестовите направени меѓу фудбалерите и членовите на клубовите во јули и август комплетно се негативни.

Направени се повеќе од 20.000 тестови пред и по натпреварите во лигата, која се одржува во два центри во близина на Шангај и на Далиан, во северо-источна Кина. Овие резултати ги поттикнуваат властите да размислат да ги отворат вратите на стадионите и за навивачи, за втората фаза на првенството која ќе почне на 16 октомври.

Share.

Leave A Reply