Најголемата ѕвезда на фудбалската репрезентација на Велс, Герет Бејл може да го пропушти дуелот од Лигата на нациите против селекциката на Р. Ирска. Ова го соопшти селекторот Рајан Гигс по поразот од Шпанија синоќа во пријателски меч со 4:1.
„Не е сигурно дека Герет ќе може да игра во вторник. Во следните денови ќе донесеме одлука. Сега има чувство дека треба да играме без него“, потенцирал Гигс.