Верди нема да си оди од Болоња во јануари

0

Ѕвездата на Болоња Симоне Верди најави дека нема да го напушти клубот во јануарскиот трансфер период. Напаѓачот има одлична сезона и тоа не остана незабележано од гигантите, кои веднаш сакаат да го имаат во своите редови. Тој, сепак, во моментов игра за Болоња и мисли на настапите со својот клуб.

„Сигурно нема да ја напуштам Болоња во јануари. Сакам да ја завршам сезоната тука. Тоа не значи дека ќе играм тука уште долги години, но во моментов сум среќен во овој клуб”, објави Верди.

Добрите перформанси на Верди му донесоа повик за националниот тим. Тој се надева дека тоа ќе се случува почесто.

„Мојата работа е да продолжам да играм силно за Болоња, а конечната одлука е на селекторот. Имав многу тренери во мојата кариера и секој од нив ме научи на нешто. Првиот, кој поверува во мене беше Џампиеро Вентура кој ме привлече од Милан. Маурицио Сари исто така многу пати ми кажувал дека можам да станам важен играч, а потоа пристигнав во Болоња, каде успеав да го откријам вистинскиот потенцијал”, додаде фудбалерот.

Share.

Leave A Reply