Верона се враќа во Серија „А“

0

Верона се врати во Серија „А”. Тоа се случи само една година по испаѓање на тимот во Серија „Б“. Верона одигра нерешено 0:0 во последното 42-ро коло како гостин на Чезена и заврши на второто место.

„Жолто-сините” победија во директните натпревари со третиот Фросиноне, кој ги има истите поени (74), но ќе игра во плеј-офот за влез во елитата.

Прв во Серија „Б” е Спал, кој се враќа меѓу најдобрите по 49-годишно отсуство.

Фросиноне победи дома над Про Верчели со 2:1. Фросиноне во директните натпревари со Верона има пораз со 0:2 како гостин и успех со 1:0 дома што значеше директен пласман на Верона италијанската елита.

Фросиноне, Цитадела, Перуџа, Беневенто, Карпи и Специја ќе играат плеј офф.

Трапани, Виченца, Пиза и Латина ќе се преселат во понизок ранг.

Share.

Leave A Reply