Верстапен со две награди од ФИА

0

Тинејџерот кој направи голем број изненадувања во сезоната 2016 во Формула 1 шампионатот, Макс Верстапен, доби две награди на церемонијата на доделување на наградите на ФИА за сезона 2016 во Виена.

Холанѓанецот беше награден по втор пат со „Акција на годината” за претекнување на шампионот Нико Розберг во завршните минути од трката за Гран При на Бразил. Макс ја доби и наградата „Личност на годината” за одличното претставување во сезоната.

niko-rozberg-nagrada-fia

Нико Розберг, кој вчера ги шокираше сите љубители на моторспорт светот со завршувањето на кариерата во Формула 1, официјално ја доби долгоочекуваната титула.

Share.

Leave A Reply