Макс Верстапен кој беше инволвиран во неколку проблематични ситуации на стартните трки во шампионатот во Формула 1, вели дека нема потреба да оди на психијатар туку ќе се обиде да направи подобри проценки.
На неговото „лудо“ возење реагираа повеќе прекалени возачи во Формула 1 кои јавно истакнаа дека младиот возач на Ред Бул претставува закана за сите што се наоѓаат на патеката. По тие изјави, Верстапен беше категоричен дека нема да слуша никого освен неговиот татко и советникот во тимот, Хелмут Марко.
„Треба да ги заборавам сите досегашни инциденти. Ја научив лекцијата и сега гледам напред. Нема да ја намалувам агресивноста туку ќе се обидам да бидам попрецизен во проценката“ -потенцирал Верстапен.