Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, успеа да победи на денешната трка во Формула 1 возена за големата награда на Бразил.
Второто место му припадна на Пјер Гасли од Торо росо додека третото место на подиумот го пополни Луис Хамилтон од Мерцедес. Сепак по трката поради инцидентот со Алекс Албон во претпоследниот круг, Хамилтон доби казна од пет секунди и падна на седмото место. Автоматски трето место го доби Карлос Саинц од Мекларен.
Хамилтон на една трка пред крајот ја има обезбедено шестата шампионска титула со што се доближи на само една до легендарниот, Михаел Шумахер. Последната трка за годинава ќе се вози во Абу Даби на 1 декември.