Младиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен, се надева дека остане во Формула 1 шампионатот и во наредните 15 години и дека ќе седи зад управувачот кога ќе има 36 години.
„Сега имам 21 година. Се надевам дека ќе останам во Формула 1 сè додека не наполнам 36 години. Треба да се напомене дека започнав на 17 години што е малку порано од вообичаеното“ – вели членот на Ред Бул.
Според добрите познавачи на Формула 1, Верстапен има шанса да го собори рекордот на Себастијан Фетел кој е најмладиот шампион откако го совои трофејот на возраст од 23 години и 134 дена.