Верстапен со фантастично возење му ја одзеде победата на Леклерк

0

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен ја прекина доминацијата на Мерцедес и победи на деветтата трка од оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

Холанѓанецот имаше фантастично возеше во вториот дел од трката и во завршницата ја доби битката со Чарлс Леклерк за да помине прв низ целта и да го има највисокото место на подиумот. Третото место го освои Валтери Ботас, а понатаму следуваа Себастијан Фетел и Луис Хамилтон кој заврши на петтата позиција.

Возачот на Ферари, Чарлс Леклерк иако водеше во поголемиот дел од трката, повторно попушти шанса да да ја запише првата победа во кариерата затоа што не го издржа притисокот на Верстапен.

На врвот во генералниот пласман и понатаму е бранителот на титулата Луис Хамилтон пред клупскиот колега Валтери Ботас. Сега на третото место е Верстапен пред двата возачи на Ферари , Фетел и Леклерк.

Следната трка од Ф1 шампионатот е на 14 јули и ќе се вози на патеката Силверстоун во Велика Британија.

Share.

Leave A Reply