Весели се искачи на највисокото место на пиедесталот

0

На 27мото Медитеранско првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори У21, Фахик Весели освои злато во категоријата У21 до 67 кг а кадетот Бојан Костов во категоријата до 52 кг освои бронзен медал.

Доан Османи во категоријата У21 до 75 кг го освои петтото место, во категоријата ката, јуниорката Владанка Аврамова го освои петтото место а Јована Манчевска исто така петтото место во категоријата ката кадети.

Во рамките на Медитеранското првенство се одржа и Конгрес на МКФУ на кој Горан Милковски беше избран за член на Извршниот комитет со мандат од 4 години а претседател останува г-динот Бекир Шериф од Тунис кој е и потпретседател на Светската карате федерација.

Share.

Leave A Reply