Веселин Вујовиќ веќе не е тренер на ППД Загреб

0

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на нашата ракометна репрезентација Веселин Вујовиќ, не е повеќе тренер на ППД Загреб.

Вујовиќ се врати во Загреб и по двомесечната пауза започна со тренинзи со тимот, но сепак денеска ја прекинал соработката со овој клуб.

Кризата удри по многу европски клубови, истото важи и за ППД Загреб а сето тоа е поради коронавирусот, па клубот ја загуби поддршка од градот Загреб, а под знак прашалник е останувањето на уште неколку спонзори. Ова придонесе за големо кратење на буџетот, а Веселин Вујовиќ не се согласил на новите услови, па спогодбено го раскинат договорот.

Share.

Leave A Reply