Веснина и Рибарикова нема да играат во Бризбејн

0

Руската тенисерка Елена Веснина го откажа учеството на турнирот во Бризбејн кој треба да почнена 31 декември. Причината за оваа одлука на 31-годишната тенисерка не е објавена.

Покрај неа, од Бризбејн се откажа и словачката тенисерка Магдалена Рибарикова. 20-тата светска тенисерка нема да настапи во Бризбејн поради повреда. Местото на Веснина и Рибарикова во Бризбејн го добија Хрватката Коњух и Германката Марија.

Share.

Leave A Reply