Веспрем е (не)освоив за Вардар

0

Ракометарите на Вардар попладнево (17:30 часот) во третото коло од Лигата на шампионите ќе го имаат најтешкиот дуел досега во новата сезона од ЛШ. Екипата на Веспрем како голем фаворит ги дочекува на домашен терен, но „црвено-црните” најавија дека ќе се обидат да ја продолжат победничката серија.

Вардар, интересно, досега нема победа на теренот на Веспрем, без разлика дали се работи за мечеви од Лигата на шампионите или, пак, во СЕХА-лигата.

Во елитата Вардар и Веспрем играле само еднаш во групната фаза, поточно во сезоната 2014/2015, кога Унгарците славеа и на двата меча.

И двајцата тренери најавија дека подготвуваат посебна тактика за денешниот дуел, па останува да се види кој на крајот ќе се радува

Share.

Leave A Reply