Ракометарите на Вардар претрпеа нов убедлив пораз во Лигата на шампионите. Унгарскиот Веспрем максимално ја искористи лошата состојба кај бранителот на тронот во поглед на повредени играчи и славеше во Скопје со 38 спрема 29.
Гостите уште во првите минути направија голема предност и практично го решија победникот. „Црвено-црните“ во ниту еден момент не успеаа да се наметнат. Најдобар стрелец во составот на Вардар беше Атман со седум голови додека по четири постигнаа Калараш и Чупиќ. Кај Веспрем, Ненадиќ даде 11 голови додека Лауге Шмид, Мораеш и Мацковшек погодија по четири пати.
Новиот меч за Вардар во ракометната елита ќе биде догодина во февруари против составот на Кил.