Следната сезона на СЕХА лигата ќе биде со променет изглед. На прес конференцијата денеска во Брест, претседателот на лигата, Михајло Михајловски, откри дека идната сезона во лигата ќе учествуваат 12 екипи поделени во две групи од по 6 екипи.
Потоа ќе се игра едно плеј-оф коло во кое ќе учествуваат првите четири екипи од двете групи, по што четирите победници во оваа фаза ќе играат на Ф4 турнирот.
Следната сезона во СЕХА лигата се враќа и екипата на Веспрем која ќе потпише договор на 3 години. Македонија, Србија и Хрватска ќе имаат по два преставника, а остануваат и Мешков Брест и Татран Прешов.