Ракометарите на Вардар денеска се пред нов предизвик во Лигата на шампионите. По победата на гостувањето кај Рајн Некар, денеска во Скопје гостува силниот Веспрем предводен од екс-вардарците Штербик и Манасков.
Веспрем минатиот викенд ја совладаа Барселона која е лидер во групата и најверојатно ќе го задржи тоа место, а денеска во Скопје против Вардар се најдева на победа за превласт на 2. место на табелата.
Билети за мечот одамна нема, што значи дека ова е уште еден комплетно распродаден меч на „црвено-црните“. Позитивна вест за Вардар за денешниот натпревар е враќањето на Борозан и Мораеш кои не играа извесен период поради повреди.