Марко Арнаутовиќ е повреден и најверојатно ќе го пропушти натпреварот на Вест Хем против Челзи во премиер лигата закажан за недела. Австрискиот репрезентативец се повреди за време на минатонеделниот дуел со Евертон.
„Тој има проблеми со коленото по натпреварот од Евертон, и ќе видиме дали е подготвен за недела“, изјави менаџерот на Вест Хем, Пелегрини.
„Чеканите“ за престојниот меч нема да сметаат и на Енди Керол, додека Хавиер Ернандез, кој исто така беше повреден, полека се опоравува и има најави дека ќе биде во тимот за престојното лондонско дерби со Челзи.