Манчестер Јунајтед направи интересна понуда за играчот од Вест Хем, Иса Диоп. Според францускиот канал „TF1“, понудата изнесувала 45 милиони фунти плус играч чие име останува необјавено.
Меѓутоа, од страна на Вест Хем била одбиена понудата за 22-годишниот фудбалер кој во оваа екипа го проценуваат на 60 милиони фунти.
Вест Хем го привлече Диоп пред само една година кога му плати на Тулуз рекордни 22 милиони фунти за клубот. Во текот на изминатата сезона, Французинот одигра 38 натпревари за Лондончарите во сите натпреварувања.
Британските медиуми продолжуваат да го поврзуваат Манчестер Јунајтед со најмалку двајца други централни дефанзивци – Калиду Кулибали и Хари Мегуаер.