Вест Хем понудил 30 милиони за Ен-Несири, Севиља веднаш одбила

0

Севиља веднаш ја одби првата понуда на Вест Хем за мароканскиот напаѓач Јусеф Ен-Несири. Според шпанските медиуми, понудата на Англичаните била во вредност од 30 милиони евра.

Лондонскиот клуб понудил точно 25 милиони евра и 5 милиони бонуси за 23-годишниот напаѓач, но од Севиља без разлмислување веднаш одбиле. Ен-Несири стигна во Севиља за 20 милиони евра минатата година, но по осумте гола на 17 натпревари во шпанската лига и четирите на 6 натпревари во Лигата на шампионите сумата која Шпанците ја бараат за него е најмалку двојно – 40 милиони евра.

Share.

Leave A Reply