Вестбрук имаше блескава партија на мечот со Атланта

0

Во текот на ноќта во богатата понуда во кошаркарската НБА лига се издвои играчот на Оклахома, Расел Вестбрук, кој успеа да го забележи 100-от  „трипл-дабл“ во неговата кариера.

Оклахома славеше протв Атланта со 119 спрема 107 а Вестбрук забележа 32 поена, 12 асистенции и 10 скокови. На ранг листата прв е Оскар Робертсон кој има 181, го следи Меџик Џонсон со 138, Џејсон Кид има 107 а Вестбрук сега се проби на четвртото место.

Еве го комплетниот преглед на одиграните мечеви во НБА. Филаделфија – Индијана 98:101,Вашингтон – Минесота 111:116, Атланта – Оклахома 107:119, Бруклин – Торонто 102:116, Њујорк – Далас 97:110, Чикаго – ЛА Клиперс 106:112, Њу Орлеанс – Шарлот 119:115, Сан Антонио – Орландо 108:72, Јута – Детроит 110:79, Феникс – Кливленд 107:129 и ЛА Лејкерс – Денвер 112:103

Share.

Leave A Reply