Вестбрук се изедначи со Чемберлен

0

Плејмејкерот на Оклахома Сити Тандер, Расел Вестбрук, продолжи да испишува нови страници во историјата на кошаркарската НБА лигата.

Тој на ноќешниот меч со Минесота  го постигна 19 трипл дабл во сезоната и со тоа го изедначи рекордот на легендарниот Вилт Чембрлен од сезоната 1967/1968. Вестбрук покрај тоа што имаше двоен ефект  во три категории (21 поен, 12 асистенции и 11 скокови) имаше и двоцифрен според бројот на изгубени топки, вкупно 10 што пак е негативен рекорд.

Тој е само втор играч кој во првите 40 натпревари успеал да има трипл дабл просек со најмалку 30 поени и по 10 асистенции и скокови.

 

Share.

Leave A Reply