Вестбрук се откажа од дел од заработувачката

0

Кошаркарот, Расел Вестбрук, кој во 2017 година беше прогласен за најкорисен играч во НБА лигата, ќе се откаже од загарантираните 38 милиони долари за да може неговиот тим Хјустон да купи нови засилувања.

Плејмејкерот кој има петгодишен договор вреден 207 милиони евра, нема да ги земе последните загарантирани 38 милиони за да му помогне на тимот да доведе нови ѕвезди за да може да биде поконкурентен во трката за шампионскиот пехар.

Вестбрук кој има 30 години и според многумина е специјалист за „трипл-дабл“ ефект, сега ќе се насочи кон тимскиот успех.

 

Share.

Leave A Reply