Вестбрук во друштво на Вилт Чемберлејн и Оскар Робертсон

0

Неверојатниот Расел Вестбрук успеа да реализира 27-ми „трипл-дабл“ ефект оваа сезона во НБА лигата. Синоќа на средбата со екипата на Њујорк кој неговиот тим Оклахома го доби со 116:105, Вестбрук успеа да реализира 38 поени, 14 скока и 12 асистенции и со тоа да дојде до ново уникатно постигнување.

Овој „трипл-дабл“ ефект на Вестбрук е најава за атак на досега само две подобри постигнувања од него во една регуларна сезона. Имено, низ историјата на НБА лигата пред него остануваат само постигнувањата на Вилт Чемберлејн кој има реализирано дури 31 „трипл-дабл“ во една сезона и Оскар Робертсон чие постигнување се уште изгледа недостижно со 41 сезонски „трипл-дабл“.

Share.

Leave A Reply