Оклахома и Хјустон се договорија за размена на двете ѕвезди во тимовите, Расел Весбрук и Крис Пол. Како што објавија утрово американските новинари, Вестбрук ќе оди во Хјустон кај Харден, додека во спротивна насока во Оклахома ќе заврши Крис Пол.
Покрај Пол, Сити Тандер ќе го добијат и правото да бираат во првиот круг на Драфтот од 2024 и 2026 година, како и право на избор во периодот од 2021 и 2025 година.