Поранешната ѕвезда на Сампдорија, Џанлука Виали, може да стане претседател на клубот, објавија медиумите во Италија.
Тој е еден од директорите на американската инвестициска компанија „York Capital Management“, кој сака да ја купи екипата на Сампдорија. Виали лично преговара со актуелниот сопственик на Сампдорија Масимо Фереро. Доколку се реализира договорот вреден 120 милиони евра, легендарниот напаѓач ќе биде новиот претседател на клубот.
Виали играше во Сампдорија помеѓу 1984 и 1992 година, откако стана шампион во Серија А (1991) и три пати го освојуваше Купот на Италија (1985, 1988, 1989). Со тимот од Џенова, поранешниот италијански репрезентативец го освои Купот на победниците на куповите во 1990 година. Во моментов екипата на Сампдорија по 28 кола е на 9-то место во Серија А.