Видал не се откажува од репрезентацијата на Чиле

0

Една од ѕвездите на Баерн Артуро Видал нема да им го сврти грбот на своите соиграчи од националниот тим на Чиле по неуспехот во светските квалификации и пропуштањето на Мундијалот 2018 во Русија.

Во текот на вчерашниот ден имаше информации дека играчот од средниот ред се откажал од Чилеанскиот национален тим, но тој веднаш ги негираше истите информации.

„Чиле е тим на борци и јас сум горд што сум дел од оваа група на играчи. Нема да ги оставам. Секогаш ќе се јавувам кога ќе ме побараат, ќе бидам на располагање на репрезентацијата “, изјави Видал преку социјалните мрежи.

„Немој да не сметате за мртви, ние сме чилеански војници. Одиме напред, Чиле, ќе одиме на следната победа”, додаде играчот од средниот ред на Баерн Минхен.

Share.

Leave A Reply