Патрик Виеира е главниот кандидат за нов тренер на фудбалскиот состав Лион, пренесуваат дел од медиумите во Франција. Други кандидати за таа позиција се: Кристоф Галтиер од Лил, Роберто Де Дерби од Сасуоло и Марсело Гајардо од Ривер Плата.
Договорот на сегашниот тренер на „лавовите“, Руди Гарсија, ќе истече во текот на летото и нема да му биде обновен. Лион е трет на табелата во Лига 1 и на две кола пред крајот заостанува 6 бодови во однос на лидерот Лил.
Виеира кој е светскиот шампион со Франција од 1998 година, последен пат седеше на кормилото на Ница во Лига 1, но, беше ослободен од обврските во декември во изминатата година.