Вигонс бил допингуван при освојувањето на Тур Д’Франс во 2012!?

0

Шампионот на „Тур Д’Франс“ од 2012 година, Бредли Вигинс ги злоупотребил медицинските помагала за да ги подобри своите резултати. Веста е објавена од Ројтерс, а се однесува на извештајот на британскиот парламент. Велосипедистот користел кортикостероиди кои не биле за негово лекување, туку за да ја подобри физичката подготовка пред трката околу Франција.

Во извештајот се наведува и дека Виггинс исто така употребил триамцинолон, кој се користи за лекување на астма. Британецот не бил третиран со астма, но ја користел супстанцијата за да го постигне идеалниот сооднос на тежина/сила во телото. Таквата практика веројатно ја користеле и неговите клупски колеги во тимот на Скај.

Извештајот од 52 страници на Комисијата за дигиталната технологија, култура, медиуми и спорт на британскиот Парламент е изготвен врз основа на истражување кое траело речиси две и пол години истрага.

Share.

Leave A Reply