Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Брендон Вилијамс, откако дебитираше во тековнава сезона успеа да се избори за нов договор со далеку поголеми примања.
Тој потпиша нова соработка со „црвените ѓаволи“ на 4 плус 1 година и ќе заработува 40.000 фунти неделно. Тоа е за 10 пати повеќе од сумата која досега ја добиваше левиот бек кој успеа да одигра 33 средби.
„Брендон одигра одлична дебитанска сезона и сите во клубот сме среќни што потпиша нов договор“ – потенцираше тренерот на англискиот состав Оле Гунар Солскјер.