Виљареал го награди тренерот Каљеха со нов договор

0

Актуелниот тренер на Виљареал Чави Каљеха потпиша нов договор со оваа екипа, објави шпанскиот клуб.

40-годишниот тренер ќе остане на клупата на „жолтата подморница” и следната сезона, задржувајќи го својот тим на тренери со кои тој во моментов работи на „Ел Мадригал“.

Во понеделник Каљеха ќе зборува пред шпанските медиуми на тема за минатата сезона во Ла Лига. Виљареал останува петти во крајното рангирање на табелата и ќе игра во Лигата на Европа следната сезона.

Синоќа во последниот натпревар оваа сезона на домашен терен Виљареал одигра 2:2 против европскиот клупски шампион Реал Мадрид и покрај тоа што беа во негатива од 0:2.

Share.

Leave A Reply