Шпански Виљареал денеска објави дека му врачи отказ на досегашниот тренер на тимот, Хавиер Калеха. Отказот доаѓа само два дена по последниот пораз на „жолтата подморница“ овој пат на домашен терен од екипата на Селта.
40-годишниот стратег помина една година на тренерското место во Виљареал, каде дојде во септември 2017 година. Под негово водство, клубот на 65 натпревари постигна 25 победи, одиграл 18 пати нерешено и претрпе 22 порази.
Засега нема информација кој ќе биде наследникот на Калеха, со оглед на тоа што пред клубот има меч за веќе неколку дена против руски Спартак во Лигата на Европа.