Винчи размислува да се повлече од тениските терени

0

Италијанката Роберта Винчи е на крстопат дали да ја продолжи тениската кариера или да стави крај на истата. 33-годишната Винчи, која го зазема 18-тото место на светската ВТА листа, ќе ја објави одлуката во наредните недели до Нова година.

„Во сегашната фаза сум задоволна и чекам сезоната да заврши. Чувствувам неверојатен замор. Горда сум од постигнатото во текот на годинава. Сега само сакам да си одам дома и да си одморам“ вели Винчи.

„Ќе поминам неколку недели без размислување за тенис а потоа ќе одлучам. Ако почувствувам дека уште имам мотивација да играм и да тренирам, тогаш ќе ја продолжам кариерата. Во моментов, сепак навистина не знам што сакам “, изјавила Винчи.

Share.

Leave A Reply