Возачот во Мото Гран При Шампионатот, Маверик Винјалес, во наредната сезона ќе го носи бројот 12. Шпанецот се определи да ја замени 25-та со која се натпреваруваше бидејќи сака да ја прекине лошата серија со Јамаха во последниве две години.
Тој објасни дека новиот број го претставува неговиот роденден – 12 јануари. Ќе потсетиме дека 12-ката досега ја имаше пробниот пилот на „Honda“, Томас, кој ќе се врати во Мото 2 што значи дека Виналјес ќе може да го користи новиот број. Тоа може да се види и на листата на пријавени натпреварувачи за сезоната 2019-та.
Дебитантите догодина, Фабио Куартараро и Хоан Мир, ќе ги користат истите броевите со кои возеа во „Moto 2“. Тоа се 20 и 36.