Канаѓанецот, Ален Вињо, е назначен за тренер на Филаделфија, соопшти клубот кој се натпреварува во најсилната хокејарска лига на САД и Канада.
57-годишниот стратег кој е паралелно и тренер на репрезентацијата на Канада, претходно во НХЛ ги водел тимовите на Монтреал, Ванкувер и Њујорк Ренџерс.
Тој два пати беше дел и од финалето во „Стенли Купот“ и тоа во 2011 и 2014 година. Вињо во тренерската кариера има 648 победи и 435 порази.