Винс Картер и официјално заминува во пензија

0

Легендарниот американски кошаркар, Винс Картер синоќа потврди дека и става крај на играчката кариера по 22 години поминати на паркетот.

Винс Картер и претходно најави дека оваа ќе му биде последна сезона, а сега и официјално преку подкаст само ја потврди својата одлука.

„Ако постои некое разочарување тоа е начинот на кој ја завршувам кариерата. Но тоа е, понекогаш има поголеми работи отколку крајот на мојата кариера. Коронавирусот зема многу животи и тоа е големата слика“, изјави Винс Картер.

Тој во својата кариера играше за осум НБА тимови, а најголемата слава ја стекна во својот прв клуб, Торонто Репторс за кој дебитираше во 1998 и каде остана шест сезони.

Share.

Leave A Reply