Винс Картер ќе испише уште една страница во историјата на НБА лигата, откако најави дека и следната сезона ќе биде активен на терените. Вистинската кошаркарска легенда објави дека засега нема намера да ја завршува кариерата, планира идната сезона по рекорден 22-ри пат да биде во НБА. Картер веќе има 42 години и следната сезона ќе влезе и во 43 година од животот.
Картер беше избран на драфтот во 1998 година заедно со Дирк Новицки, кој овој месец по 21 сезона во НБА ја заврши кариерата.