Едно од легендарните имиња на НБА лигата, Винс Картер, кој во сезоната 2018/19 ќе ја продолжи својата кариера во Атланта Хокс, изјави дека скоро 100% е веројатноста дека оваа ќе му биде и последна сезона во играчката кариера.
41-годишниот кошаркар се согласи со Хокс на едногодишен договор по кој веројатно оди во пензија.
„Имам желба да играм, и без оглед колку време сум на теренот, ќе бидам среќен. Но, голема е веројатноста дека ќе ја завршам својата кариера по завршувањето на новата сезона. Ако има можност да се префрлам во друг тим, ќе ја видам ситуацијата, но веројатно ќе си заминам“, изјавил Картер, за кого Атланта е осмиот клуб во беговата кариера. Тој е и најстариот активен кошаркар во лигата.