Вирусот кој ги „покоси“ фубалерите, не влијае на оптимизмот

0

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски, на денешната средба со новинарите, потврди, дека дури осум играчи се пожалиле на стомачен вирус и дека нивната состојба се следи во континуитет.

Станува збор за: Ѓоко Зајков, Аријан Адеми, Стефан Ристовски, Давид Митов Нилсон,  Стефан Спировски, Мите Цикарски, Ферхан Хасани и Бобан Николов. Македонија утре ќе биде домаќин на Лихтенштајн во Лигата на нации со тенденција да ја задржи победничката серија а Ангеловски и покрај проблемите со играчите, верува во успех.

„Информација за вирусот е точна. Максимално сме фокусирани на Лихтенштајн и нема да калкулираме со составот. Лихтенштајн има нови имиња, но, ние сме подготвени да ги освоиме бодовите“ – вели Ангеловски.

Share.

Leave A Reply