Властите во Португалија најавија можна одлука за стопирање на спортските настани ако пандемијата со Ковид-19 го задржи истиот интензитет.
Во земјата секој ден се зголемува бројката на заболени а со тоа се наметнува дилемата дали ќе се реализира последната трка во Мото ГП закажана за 22 ноември.
Минатата недела во Португалија се одржа трка во првенството на Формула 1 а по неа 14 членови на тимовите биле позитивни на Ковид-19.