Високата плата и натаму проблем за продажбата на Алексис Санчез

0

Манчестер Јунајтед летово, очигледно, нема да најде купувач за напаѓачот Алексис Санчез, кој откако се пресели во таборот на „црвените ѓаволи“, е тотално промашување. Една од причините зошто и натаму трансферот е неизводлив е неговата огромна плата.

Според „Дејли меил“, покрај основната плата од 300.000 фунти неделно, чилеанскиот играч има и други приходи. Уште 100.000 фунти секоја недела добива од имиџ правата, а покрај тоа, има право на 5 милиони фунти секоја сезона ако се појави 30 пати во стартната постава.

Share.

Leave A Reply