„Виз Ер Скопскиот маратон“ со рекорден број на учесници

0

Утре низ улиците на Скопје ќе се одржи 15-от јубилеен „Виз Ер Скопски маратон“, на кој според најавата од страна на организаторот се пријавени рекорден број на учесници, над 12.500 кои ќе трцаат на маратонската, полумаратонската трка, на 5000 метри како и на штафетниот маратон.

„Мене ме радува што овој јубилеен 15-ти маратон е најмасовен и со најмногу учесници, ние како организатори се погриживме да донесеме квалитетни натпреварувачи кои ќе дојдат од над 50 земји од целиот свет. Очекуваме да бидат постигнати добри времиња со оглед на временските услови кои ќе ги имаме на утрешната трка, исто така очекуваме добар настап и на нашите атлетичари кои се во добра форма. Наградниот фонд на „Виз Ер Скопскиот маратон“ е 18.000 евра и ќе биде поделен во зависност од постинатите резултати“ истакна Кире Синадиновски, директорот на „Виз Ер Скопски маратон“.

Share.

Leave A Reply