Владата на РМ ќе застане зад одбојкарите

0

Нашите одбојкарски „Спартанци“ ќе добијат „засилување“ од страна на државата која ќе им обезбеди сала на ексклузивно користење, финансиски средства согласно законските прописи како и поголема промоција на одбојката. На таа тема разговараа на денешната средба првите луѓе на ОФМ и Премиерот Зоран Заев.

„Покажавте одличен успех, за тоа изразувам почит кон Федерацијата во име на Владата и во мое име. Имате добри шанси за Европското одбојкарско првенство што ќе се одржи во септември годинава. Ќе ја имате поддршката од Владата“ – потенцираше меѓу другото Заев.

Нашите одбојкари откако одлично ги одработија квалификациите, обезбедија место на континеталниот собир кој ќе се реализира во септември во неколку земји. Македонија мечевите ќе ги започне во групата во Словенија.

Share.

Leave A Reply