Властите во Австрија одобрија трка во Формула 1 во јули

0

Министерството за здравство на Австрија го одобри планот за трка во Формула 1 во оваа земја во јули 2020 година.

„Организаторите ни го претставија концептот кој се заснова на посебните барања за трки во Формула 1. Зе земаат во предвид сите потребни мерки што го попречуваат ширењето на коронавирусот. Концептот ги исполнува сите барања на Министерството за здравство. Покрај тоа, развиени се посебни правила за да се обезбеди највисоко ниво на заштита од ширење на инфекција“, изјави министерот за здравство Рудолф Аншобер.

Ова значи дека скоро сигурно, сезоната во Формула 1 за 2020 година навистина ќе може да започне на 5 јули во Австрија, а на 12 јули таму ќе се одржи втората трка од сезоната. Официјалниот календар на сезоната Формула 1 за 2020 година сè уште не е објавен.

Share.

Leave A Reply