Властите во Италија ќе депортираат холандски хулигани

0

Над 50 холандски хулигани биле уапсени и ќе бидат вратени во својата земја од Италија во пресрет на решавачкиот реванш меч од 1/4-финалето на Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Ајакс.

Полицијата кај нив пронашла оружје, димни бомби и пиротехника што тие сакале да ги користат на стадионот на Јувентус.

„Тие ќе бидат испратени надвор од Италија поради безбедносни причини. Луѓето кои доаѓаат со ваква намера не се добредојдени да создаваат проблеми. Нашите стадиони и градови се затворени за хулиганите “, пишува министерот за внатрешни работи, Матео Салвини.

Веќе имаше инциденти во Амстердам, каде што 119 приврзаници на Јувентус беа притворени поради инцидентот со навивачите на Ајакс. Исто така кај нив беа најдени забранети предмети.

Share.

Leave A Reply