Влхова имаше две одлични возења

0

Натпреварувачката од Словачка, Петра Влхова, победи на денешниот слалом во Крањска Гора реализиран во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

На второто место со заостанување од 24 стотинки заврши Швајцарката, Венди Холденер додека третото го освои Австријката, Катарине Трупе. Денешната победничка со новите бодови се проби на првото место во рангирањето во слалом. Таа има 460-ет или дваесет повеќе од Михаела Шифрин од САД која откако почина нејзиниот татко, паузира од активностите на патеката.

Шифрин останува водечка во генералниот пласман во Светскиот куп со 1. 225 бодови пред Италијанката, Брињоне, со 1.112 .

 

Share.

Leave A Reply