Во Барса не сакаат намалување на платите за 70%

0

Не сите фудбалери на Барселона се согласуваат со предлогот на раководството да ги намалат своите плати заради кризата со коронавирусот. Клубот е во тешка состојба и се обидува да ги намали своите трошоци со тоа што прво тргна со мерка за намалување на платите на играчите за 70% додека трае паузата.

На фудбалерите на Барса не им се допаднал првиот предлог за намалување на платите, по што дојдоа и првите реакции.

Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе се сретне со Ла Лига за да изработи заедничка позиција. Каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека доколку сезоната не се продолжи до 30 јуни, играчите ќе прифатат платите да им бидат намалени за само 10%. Доколку првенството продолжи порано, играчите ќе се согласат да играат на секои 48-72 часа, што ќе им даде меѓу 15% и 20% повеќе пари отколку што имаат на нивните договори.

Share.

Leave A Reply