Во Формула 1 планираат засилување на шасиите за дополнтелна заштита на пилотите

0

Техничкиот директор на Расинг Поинт, Енди Грин, изјави дека во Формула 1 планираат да ја зголемат силата на шасијата поради фаталната несреќа на Антоан Хуберт во трката во Формула 2.

„Бевме поканети да ги разгледаме правилата за јачината на шасијата. Темата ќе се дискутира на следниот состанок на техничката работна група. Не верувам дека ќе се направат големи промени до 2021 година, но сите знаат дека може да се направат некои корекции и за следната сезона“, изјавил Грин.

На трката во Формула 2 во Белгија, францускиот тркач Анутан Хуберт почина во несреќа на патеката.

Share.

Leave A Reply