Во Индијан Велс елиминирана шампионката од 2015-тата

0

Французинката Кристина Младеновиќ ја елиминира шампионката на Индијан Велс од 2015 година Симона Халеп од Романија во 3. коло на силниот тениски мастерс со награден фонд од 6,9 милиони долари. Младеновиќ реализира шест брејка и стигна до победа со 6:3, 6:3 за 102 минути.

Таа за место во четвртфиналето ќе се сретне со Лорен Дејвис од САД, која во оваа рунда ја совлада Германката Гергес со 6:1, 6:4.

На машкиот дел од турнирот третиот фаворит Вавринка го елиминира Германецот Филип Колшрајбер со 7:5, 6:3 за 78 минути. За место во четвртфиналето тој ќе се соочи со 21-годишниот “среќен губитник” од квалификациите, Нишиока од Јапонија, кој изненадувачки го елиминираше отстрани 13. фаворит Томаш Бердих со 1:6, 7:6 (5), 6 :4.

Share.

Leave A Reply