Во Јувентус ќе продолжат со откази

0

Најверојатно дека во Јувентус нема да застанат само со отказот на Маурицио Сари. Скоро е сигурно дека тренерот нема да биде единствениот отпуштен од Јувентус по неубедливата сезона.

Според „Скај Италија“, во првите редови е и спортскиот директор Фабио Паратичи. Паратичи ја презеде функцијата пред само една година, на местото на Џузепе Марота.

На него и потпретседателот Павел Недвед им се припишува решението за разделбата со Масимилијано Алегри по крајот на претходната сезона.

За местото на Паритичи сега се споменува неговиот заменик, Федерико Керубини.

Share.

Leave A Reply